Целни групи
1. Млади луѓе;
2. Обучувачи, едукатори.
Проектот како целина претставува одржлива инвестиција, бидејќи вклучените млади лица и обучувачи со здобиваат со нови вештини корисни во нивниот секојдневен живот и работа, а истите можат веднаш да бидат мерливи. Тие понатаму дејствуваат како мултипликатори на знаење и вештини за врсниците и колегите, како и за луѓето кои не се директно вклучени во обуката. Иницијативата за вработување на млади резултира со високи перформанси и ефикасност во образованието и обуките преку комбинирање на различни сектори, со намера целосно да се истражат можностите од Европско стратешко партнерство, како и да се отворат можности за одржливи, ефикасни и иновативни методи на обука.